Битола по седми пат на глобалната мапа за одбележување на Меѓународниот ден на џезот

Младински културен центар Битола (официјален младински клуб na УНЕСКО), реализира континуирани активности во текот на целата година во насока на промовирање на човековото достоинство и охрабрување на дијалогот и разбирањето помеѓу културите и цивилизациите.

Оваа година МКЦ  Битола по седми пат се вклучува во одбележувањето на Меѓународниот ден на џезот со организирање  концерт на Оливер Јосифовски квартет во вторник, 30 април 2019 година. Локација кафе-бар „Камарите“ – Битола, со почеток во 22:00 часот. Влезот е слободен.

Овој концерт по седми пат ја става Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.

Овој настан е дел од глобалната акција за прослава на Меѓународниот ден на џезот, кој вклучува настапи и концерти во преку 190 земји во светот. Глобален град домаќин на главниот настан за 2019 година е Мелбурн, Австралија. Овој ден ги сплотува нациите и општествата прославувајќи ја уметноста на џезот, потенцирајќи ја неговата важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство.

Треба да знаете
Последни објави