Дождот ги попречи хуманитарните напори во Мозамбик

Обилните дождови во Мозамбик продолжуваат да ги попречуваат напорите за помош во земјата, која се обидува да се справи со последиците од вториот циклон што ја погоди земјата за малку повеќе од еден месец.

Бројот на жртвите од циклонот Кенет се искачи на 38, а уништени се 30 000 домови. Само минатиот месец циклонот Идаи уби над 600 луѓе. Потребни се хеликоптери за да им се помогне на оддалечените региони, но постојаните дождови го отежнуваат летањето.

Ник Фини, од организацијата „Да ги спасиме децата“, истакна дека дождот претставува голем проблем и дека го оневозможува пристапот до некои од областите погодени од циклонот.

Тој рече дека на жртвите им е тешко да се справат со ситуацијата бидејќи првпат се соочуваат со толку сериозна катастрофа.

Треба да знаете
Последни објави