Данскиот производител на пиво, компанијата „Карлсберг” ќе го реорганизира својот бренд на пиво во Велика Британија, менувајќи го вкусот, амбалажата, но и маркетиншката стратегија.
Оваа компанија подготви стратегија која во иднина ќе се фокусира на квалитетот, а не на квантитетот, со цел корисниците на овие пијалоци да го сменат своето мислење за „Карлсберг”.
Имајќи предвид дека „Карлсберг” бележи пад на продажбата, новата рекламна стратегија ќе оди со текстот: „Веројатно не е најдоброто пиво во светот, барем за сега”.
На овој начин од компанијата планираат да го свртат вниманието кон потенцијалните и сегашните купувачи за промените што ќе следат. Оваа трансформацијата е обид „Карлсберг” да го подобри своето работење.