Со добивањето руски пасош, жителите на Донбас добиваат документи кои се признати не само во Русија туку во цел цвет, вели портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
Како одговор на прашањето зошто Москва ја олесни постапката за добивање државјанство за жителите на одредени области од Донецк и Луганск, а рускиот претседател со декрет во 2017 година ги призна документите издадени во самопрогласените републики во Донбас, Песков истакна дека жителите на Донбас не патуваат само во Русија.
„Точно, тие можеа да ги користат тие документи во Русија, но не и за други дестинации, тоа беше невозможно”, истакна Песков.
На 24 април, рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет кој ги олеснува руските правила за државјанство за жителите на одредени региони на југоисточна Украина.
„Поединци кои постојано живеат во одредени области на регионите на Донецк и Луганск во Украина имаат право да аплицираат за руско државјанство под поедноставена постапка”, се вели во декретот.
Според документот, одлуката е донесена со цел да се заштитат човековите права и слободи врз основа на општо прифатените меѓународни закони.