Стево Пендаровски, кандидатот за претседател, поддржан од граѓаните и од 31 политичка партија, денеска на средба со граѓански активисти разговараше за актуелната состојба, за нерешените проблеми, за работата на институциите и предлозите на активистите за подобрување.
„Има прашања за кои постои основа и треба отворено да се критикува, целта е слабостите да се отстранат и сериозно да се работи на отстранување на сите аномалии на кои граѓаните и активистите укажуваат“, рече Пендаровски.
„Граѓанското движење е срцето на демократијата во секоја држава. Затоа го почитувам и го ценам вашиот ангажман. На 5 мај имаме контра опција на ова што ние го нудиме. Нивната опција нè враќа во најтемното време на груевизмот, ако таа госпоѓа победи, тоа значи и враќање на нивниот почесен претседател Никола Груевски во државата“, додаде Пендаровски.