Шпанската изборна комисија му забрани на поранешниот каталонски водач Карлес Пуџдемон да учествува на изборите за Европскиот парламент во мај.
Пуџдемон избега од Шпанија во 2017 година, откако Мадрид наметна директна власт над Каталонија, која еднострано прогласи независност и живее во Белгија. Тој и уште двајца протерани кандидати од неговата партија ,,Заедно за Каталонија”, наведуваат во соопштението дека комисијата ја потврдила жалбата против нивната кандидатура поднесена од конзервативната Народна партија и од партијата на десниот центар Сиудаданос.
Пуџдемон, Клара Понсати и Тони Комин ја оценија пресудата како ,,флагрантно кршење” на нивните права и како ,,доказ за спрега меѓу судството, кое треба да биде независно и на одредени политички интереси”. Тие рекоа дека ќе преземат правни чекори во Шпанија и во Европа.