Четири лица загинаа, а шестмина се повредени при страотна сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион која што се случи на автопатот Куршумлија – Прокупље во Србија. Автобус на Нишекспрес во еден момент преминал во спротивната лента и удрил во камионот. Автобусот целосно изгорел, а во него настрадале и двајца патници и возачот.
Во несреќата загинал и возачот на камионот. Според докторот Невена Вучковиќ, пожарникарите од автобусот кој горел успеале да издават шест лица. Сите се тешко повредени и се префрлени во болницата во Прокупље. Надлежните стравуваат дека бројот на жртвите може да расне.