Фолклорната традиција наречена „Ѓура Мара” која третира вистински настан од турското владеење кој се случил на третиот ден од Велигден, ќе се одржи вечерва во Миравци.
Месното население низ песна и игра го симболизира непокорот и отпорот кон насилствата и зулумите што ги правеле османлиите.
-Орото го симболизира грабнувањето од Турците на убавата мома Мара за чие спасување нејзиниот брат го жртвувал животот. По традиција го играат само девојки кои не дозволуваат маж да заигра во орото, велат организаторите.
Манифестацијата ќе се одржи на платото пред Домот на културата во Миравци, под покровителство на гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков и со финансиска поддршка од Министерството за култура.
Покрај домаќините како гости ќе настапат неколку фолклорни друштва од нашата земја, Босна и Херцеговина и од Србија.