Аеродромот во Глазгов накратко ги прекина сите летови денес, по известувањето за безбедносно предупредување за летот на „Изиџет“ од Лондон до Гетвик.
„Имаше извештаи за безбедносно предупредување за летовите на ‘Изиџет’ од Гетвик”, објави портпаролот на аеродромот во Глазгов, објави „Ројтерс“.
„Авионот кој слета безбедно и без инциденти, го пречекаа службите за итни случаи”, рече портпаролот, додавајќи дека операциите биле привремено прекинати.
„Инцидентот се случи и сега сме оперативни”, изјави портпаролот на аеродромот во Глазгов.