Венецуелските безбедносни сили денеска фрлија солзавец на лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо, кога со група луѓе во воени униформи се собраа пред воздухопловната база во Каракас.
Гуаидо денеска изјави дека ја почнал „завршната фаза” од својот план да го смени претседателот Николас Мадуро, повикувајќи ги Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро”.
Тој на својот профил на Твитер објави видео на кое држи говор во присуство на луѓе во воени униформи и опозицискиот политичар Леополд Лопез, кој е во куќен притвор.
– Националните вооружени сили донесоа исправна одлука и сметаат на поддршката на венецуелскиот народ, рече тој.
Владата на Венецуела соопшти дека тоа е мало востание и го обвини Гуаидо за започнување државен удар.