Денеска во обид да ја дефокусира јавноста од бегството на Пендаровски од дебатата на Алфа ТВ, дебаклот од средбата во Берлин и катастрофално влошениот имиџ на власта, “министерството за вистина” на СДСМ со злоупотреба на државни институции објави лажни обвинувања против кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Во обвинувањето на Министерството за труд и социјална политика се реагира на хуманитарниот настан кој го организиравме, но не се кажува која е наводната направена злоупотреба. Имено кандидатката Гордана Сиљановска Давкова подготвуваше оброци кои беа донирани во СОС Детско село. Во ниту еден дел од настанот директно не беа вклучени деца.
За разлика од кампањата на Сиљановска Давкова, СДСМ на Конвенцијата на Пендаровски на сцената искористи деца спротивно на Изборниот законик и Конвенцијата за правата на детето. Истите деца со кои предходно министерката Царовска и Премиерот во политички настан ги искористија. Потоа Г-ѓа Пендаровска учествуваше на настан кој како и нашиот имаше директни корисници деца, но за разлика од нашата кампања продуктите за настанот #солидарноопштество вклучуваа деца со што повторно директно се прекрши Изборниот законик и Конвенцијата за правата на детето.
За разлика од СДСМ и Пендаровски, тимот на професорката Сиљановска Давкова не објави ниту една фотографија од дете или мајка кои беа крајни корисници на настанот нити ги вклучи во ниту еден момент директно во кампањата. Тие едноставно останаа корисници на упатената помош.
Го повикуваме СДСМ и нивната министерка Царовска да кажат во што се состои злоупотребата.
Дали тоа што беше донирана храна на деца без родители, дали тоа што настанот се случи откако фондацијата дозволи храната да биде донирана или тоа што како и во многу други случаи на децата им беше искажана љубов и хуманост без воопшто да бидат објавени нивните идентитети?
Ги покануваме надлежните институции кои се контролирани од партијата на власт веднаш да ги испитаат сите случаи на злоупотреба на деца во политички цели, вклучително и Конвенцијата на како што го нарекуваат консензуалниот кандидат. Во спротива, реакцијата на Министерката за труд и социјална полтика ќе ја сметаме за мешање на државата и партијата“ се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.