Венецуелските власти одлучија да ја зголемат минималната плата од 18.000 на 40 000 боливари, објави „Насионал“.
Според податоците на весникот, некои категории работници ќе добијат бонус од 25.000 боливари.
Опозицијата претходно соопшти дека неколку милиони луѓе добиваат минимална плата, вклучувајќи ги и полициските службеници, наставниците и здравствените работници. Според податоците на нејзините претставници, до последното зголемување платата била 14 пати помала отколку во Хаити, најсиромашната земја на западната хемисфера, според „Спутник“.