Во Канада евакуирани 10.000 луѓе поради поплави

Над 10.000 лица беа евакуирани во источниот дел на Канада, во последните денови поради пролетни поплави, бидејќи нивото на реките го надмина рекордното ниво забележано пред две години.

Од градот Сент Март сир ле Лак, западно од Монтреал, за време на викендот беа евакуирани над 6.000 луѓе поради пукање на природен насип на реките, наведоа властите и додадоа дека ситуацијата полека се стабилизира.

На целото подрачје на провинцијата Квебек, која е најмногу погодена со пролетните поплави, евакурани се речиси 10.000 лица.

Треба да знаете
Последни објави