Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со жителите на населбата Сењак во Штип, на кои им искажа благодарност за поддршката за кандидатот за претседател Гордана Силјановска-Давкова и побара уште помасовна поддршка и запечатување на победата на Силјановска-Давкова во вториот круг на 5 мај.
Мицкоски посочи дека граѓаните на Република Македонија во вториот круг на претседателските избори на 5 мај одлучуваат за сопствената иднина, но и за иднината на државата во кој правец ќе се движи. Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е во коалиција со народот бидејќи народот е тој што ги носи промените во државата.
Потенцира дека со победа на Сиљлјановска-Давкова ќе се отвори можноста и за предвремени парламентарни избори, како и за тоа конечно Македонија да ја види како силна и стабилна држава.
Заедно со народот ние стигнавме на првиот меѓник. Тој прв меѓник беше онаа голема победа во 47 општини во Република Македонија на 21 април. Браќа и сестри, добри луѓе, нашиот втор меѓник е 5 мај, сега в недела, кога треба да покажеме и докажеме дека не само во 47 општини, туку ВМРО-ДПМНЕ заедно со новиот претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, може да победи во цела Македонија. Третиот меѓник ќе биде победата од предвремени парламентарни избори кога ќе ја формираме новата влада во Република Македонија. А четвртиот и за мене последен меѓник ќе биде тогаш кога ќе се разбудам едно утро и кога заедно со народот ќе кажам – сонот за Македонија, онаа нашата цел што си ја зацртавме кога почнавме да се бориме, стане јаве“, рече Мицкоски.