Јужноафриканците на 8 мај ќе гласаат за нов национален Парламент и нивниот избор ќе биде од кандидати од 48 партии, повеќе од кои било избори од крајот на владеењето на белото малцинство во 1994 година.
Многу повеќе политички партии се на листите за изборите за девет провинциски законодавства, што ќе се одржат истиот ден.
Африканскиот национален конгрес (АНЦ) победи на сите парламентарни избори од 1994 година, а анкетите за јавното мислење предвидуваат дека повторно ќе освои мнозинство од 400 места во Националното собрание, Долниот дом на Парламентот.
Најголемите ривали на АНЦ, овој пат се главната опозициска партија Демократската алијанса (ДА) и радикалната левичарска група Борци за економски слободи (ЕФФ). Парламентарните и провинциските избори се одржуваат на секои пет години.
Владејачката партија има регистрирано пад на довербата од над 69 отсто во 2004 година на 62 отсто во 2014 година.