Одбојкарите на Џио Струмица се победници во Купот. Во финалето во Струмица, тие ја совладаа екипата на Универзитет Тетово со 3:0, по сетови 25:18,27:25 и 25:17.
Актуелниот шампион и Куп победник потфрли само во вториот сет, но тетовци не одиграа најдобро во финишот на сетот. Последниот, трет сет, Џио Струмица го доби лесно за на крај да ја одбрани ланската титула.
Пехарите и медалите на финалистите им ги врачија градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, претседателот на Одвојкарската федерација Петар Јовановски, претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски и потпретседателот на одбојкарската федерација, Ивица Хаџи Иљоски-Чајка.
Заршницата на одбојкарскиот куп во машка и женска кокуренција се одржа во Струмица, во салата „Парк”, во организација на одбојкарската федерација, клубовите Џио Струмица и Наковски Волеј и општина Струмица.