Повеќе од 80 отсто од сомалиските мигранти во Швајцарија се на социјална помош

Според неодамна објавените податоци, неколку мигрантски групи од различно национално потекло во Швајцарија имаат стапка на зависност од социјална помош од над 50 отсто, а повеќе 80 отсто од Сомалијците во земјатасе на товар на државата, пренесува „20Минути“.

Податоците биле собрани и објавени од Сојузниот завод за статистика и Државниот секретаријат за миграција и покажуваат дека околу 4.000 Сомалијци во Швајцарија се најсклони кон користење државни бенефиции и 83.7 отсто од нив потпираат на приход од државата. Додека Сомалијците се далеку најбројни приматели на социјална помош, неколку други националности исто така имаат стапка на користење државна помош од повеќе од 50 отсто, како што се Еритрејците со 54,7 отсто и Анголците со 54 отсто.

Статистиката во голема мера е во спротивност со бројот на швајцарските државјани кои примаат социјална помош и претставуваат само 2,3 отсто од населението.

Дамиан Милер од швајцарските либерали (ФДП) соопшти дека бројките покажуваат и дека преголемиот број баратели на азил не се квалификувани за азил, живеат од државна парична помош и дека не е направено доволно доволно за оние со статус на бегалец да се интегрираат  во економијата во Швајцарија.

„Интеграцијата не е еднонасочна улица”, тврди тој, додавајќи дека бегалците се исто така одговорни.

Бачир Гобдон од здружението „Сомалиска дијаспора” припишува дел од вината за високата стапка зависници од социјална помош во сомалиската заедница на просечна големина на семејството, велејќи:

„Тие, на пример, работат во туристичката индустрија, каде што платите се ниски. Семејството кое има седум деца, не може да живее од таа плата “.

Треба да знаете
Последни објави