САД го отежнуваат учеството на Русија во активностите на Обединетите Нации, манипулирајќи со процедурите за визи, објави руското Министерство за надворешни работи во понеделникот, поради одбивањето на Вашингтон да му издаде виза на шефот на руската делегација за седницата на Комисијата за разоружување на ОН, пренесува ТАСС.
Овој пат, Американската амбасадане му одобри виза на рускиот експерт за хемиско оружје, советник на генералниот секретар на ОН од Русија, Дмитриј Поклонски, кој требаше да се обрати на специјален брифинг на седницата на Советот за безбедност на ОН на 25-ти април.
„САД постојано манипулираат со процедурите за визи, спречувајќи го нормалното учество на Русија во активностите на организацијата, иако вети дека ќе обезбеди целосни можности за тоа на сите држави”, се вели во коментарот на руското МНР.
Според министерството, САД се бескрупулозни кон својата посветеност како домаќин на седиштето на ОН во Њујорк, користејќи ја оваа ситуација за свои надворешнополитички цели.
„Со спречување на доаѓањето на хемиски експерт , властите на САД очигледно не сакаа да дозволат објективни информации за случувањата во Дума да бидат слушнати во ОН, за кои тие апсолутно неосновано ги обвинија сириските власти. Вашингтон не сака глобалната заедница да види дека американската агресија против Сирија била спроведена под лажен изговор и дека се случило сериозно кршење на меѓународното право”, додаде министерството.