Силјановска поднесе кривична пријава против Избирачкиот одбор во Зајас каде се гласаше на 24 секунди

Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека по овластување на кандидатот за Претседател, Гордана Сиљановска Давкова поднеле кривична пријава против десетмината членови на Избирачкиот одбор на избирачко место број 0816 во село Зајас, каде имаше полнење на кутиите.

На ден 21.04.2019 година во периодот од 15 до 17 часот на избирачко место број 0816 во населено место Зајас, Општина Кичево повредено е избирачкото право на начин што на противзаконит начин е овозможено на друг да користи избирачко право иако знае дека тоа лице нема такво право и било злоупотребено избирачкото право такашто непознати лица извршиле гласање за други лица без да бидат проверени со УВ ламба, пронајдени во избирачки список и без да се потпишат во Избирачкиот список со полнење на кутиите на избирачкото место 0816 и употребени се 416 гласачки ливчиња а во основниот и посебниот извод од избирачкиот список за избирачко место 0816 се потпишани вкупно 412 гласачи, а ваквите дејствија биле овозможени од страна на избирачкиот одбор. Со горе наведените дејствија постојат основи на сомнение дека пријавените лица сториле кривично дело од чл. 159 ст. 2 и чл.  161 од Кривичниот законик на РМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според образложението, во периодот од 15 до 17 часот на 21 април на истото изборачко место било извршено глаање за други лица и истото било овозможено од страна на избирачкиот одбор.

-Според јавно достапните податоци на веб страната на ДИК во 15 часот на избирачкото место 0816 гласачкото право го оствариле 110 гласачи односно 15,67 %. Во 17 часот на истото избирачко место евидентирано е дека гласачкото право го оствариле 407 гласачи, што е 57,98% од вкупно запишаните избирачи. Според ваквите податоци, произлегува дека за два часа успеале да гласаат 297 избирачи или во просек на секои 24 секунди гласал по еден гласач што физички е невозможно имајќи ја предвид процедурата за гласање. Избирачкиот одбор односно членовите на истиот, не превзеле дејствија за да го спречат ваквото противзаконито постапување при што било овозможено на друг да користи избирачко право кое знаел дека не му припаѓа, така што непознати лица извршиле гласање без запазување и почитување на законската процедура за остварување на правото на глас, велат од партијата.

 

 

Треба да знаете
Последни објави