Си апелира до младината да ја „сакаат” Комунистичката партија

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во говор по повод 100-годишнината од студентските протести во Кина, ја повика кинеската младина да биде лојална кон Комунистичката партија, во обид  да ги разгори патриотските чувства.

– Срамота е ако некоја личност не е патриот, па дури и ја мами или предаде татковината. Нема место за такво лице да стои на кое било место, нагласи Си. – Во современа Кина суштината на патриотизмот е да ја комбинираме љубовта кон земјата со љубов кон партијата и социјализмот, рече тој.

Според него, кинеската младина во новата ера ќе ги слуша зборовите на партијата и ќе ги следи чекорите на партијата.

Си одржа говор во Големата народна сала при одбележување на протестите на Движењето Четврти мај против колонијализмот и империјализмот, што ја потресоа Кина во 1919 година.

Треба да знаете
Последни објави