Американскиот претседател Доналд Трамп, неговата компанија и три од неговите деца, поведоа судски процес против две банки – „Капитал уан” и „Дојче банк”, со цел да им биде забрането да објават документи за него што ги бараат комисии на Конгресот.
Податоците биле побарани од Комисија за финансиски услуги и Комисија за разузнавање.
Адвокати на Трамп и неговите деца Доналд Помладиот, Ерик и Иванка нагласуваат дека барањето за предавање документи е политички мотивирано, како и со цек да го малтретираат претседателот у притоа да му наштетат политички.
„Дојче банк” соопшти дека ќе го исполни барањето на Конгресот.
Претседателите на двете комисии Адам Шиф и Максин Вотерс во заедничка изјава го отфрлија барањето на Трамп како неосновано.