Двократниот оскаровец Том Хенкс (62) и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон (62) преку Инстаграм им го честитаа Велигден на сите верници кои го прославуваат според јулијанскиот календар.
Под семејната фотографија тие напишаа „Христос воскресна, Том Хенкс и семејството”.
Сопругата на Хенкс, Рита Вилсон, со која е во брак од 1988 година, е родена во Бугарија, а по мајка е Гркинка. Ѕвездата на „Форест Гамп” поради неа премина во православната вера. Секоја година, нивното семејство, заедно со пријателите и другите членови на грчката заедница од Лос Анџелес во домот на Хенкс го слават Велигден.
Вилсон е родена во Калифорнија. Таа ја прифати верата на нејзината мајка, што честопати гордо го истакнува. Порано, таа и нејзиниот сопруг често се славеле Велигден во Грција.
Двојката има два сина, а овие денови таа издаде нова песна, со што се пофали нејзиниот сопруг на Инстаграм, велејќи дека Рита доби ѕвезда на Булеварот на славните.