(Видео) Пијани мигранти демолирале италијанска црква

Двајца романските мигранти насилнои влегле католичката црква „Мадона дел мисерикордија дел Лугарес“ во Чезена во неделата по прославата на православниот Велигден, пренесува „Ил ресто дел Карлино“.

Видеото на кое двајца пијани мигранти речиси целосно демолираат црква во Италија за православниот Велигден стана вирално на социјалните мрежи.

Првичните шпекулации беа дека инцидентот го предизвикале исламски екстремисти, но се чини дека тоа не е точно.

Марко Ченси, директор на локалниот младински центар „Иституто деи Лугарези”, изјави дека во инцидентот биле искршени прозорци и некои клупи, но и дека исламските екстремисти немаат никаква врска со тоа нагласувајќи дека на инцидентот не треба да му се даваат конотации што ги нема.

„Оној што го направил видеото сигурно е полицаец кој интервенирал веднаш по инцидентот”, рече Ченси.

Православниот свештеник Силвиу Сас, кој веќе пет години ги одржува православните служби во католичката црква, коментираше дека ваков инцидент никогаш претходно не се случил меѓу неговите 150 парохијани.

Претходно овој месец во Рим северноафрикански мигрант прободе и се обиде да заколе еден грузиски христијанин по вжештена расправија откако муслиманот го забележал ѓерданот со распетие што го носел Грузиецот.

Треба да знаете
Последни објави