(Видео) Сиљановска подготвуваше оброци за децата од СОС детското село

Претседателската кандидатка Гордана Сиљановска Давкова денеска во изборниот штаб подготвуваше оброци за децата од СОС детско село. Таа со помош на неколку партиски активисти од ВМРО- ДПМНЕ спакува 50 оброци со веќе претходно приготвени пилешки стек, пире, салата и овошје.

„Се надевам ова ќе стане пракса и во иднина на претседателскиот кабинет да подготвува храна за оние на кои им е најпотребна“, изјави Сиљановска- Давкова.

Настанот беше најавен на социјалните мрежи „ Подготвуваме оброк со Гога, биди хуман сподели оброк“ каде беа повикани граѓаните да донесат намирници и да помогнат во подготовката., односно пакувањето.

„Неколку пати се обидовме да се вклучиме во тековни активности од овој тип, но исто така не сакавме истите да ги политизираме. Затоа решивме да започнеме нова активност, која се надевам, откако ќе станам Претседателка, ќе стане традиција на која ќе се придружат и дипломати и познати личности. “, пишува на „ Фејсбук“

Треба да знаете
Последни објави