Венецуела е на работ на граѓанска војна. Опозицискиот лидер Хуан Гваидо ја повика војската на бунт против претседателот Николас Мадуро, а граѓаните да излезат на улиците. Во текот на денот избија судири, се слушат истрели. Може да се види солзавец и молотови коктели.
.@jguaido tweeting about an uprising to oust Maduro, “the final phase of Operation Liberty.”
Maduro spokesman @jorgerpsuv is already calling this a coup attempt.
Both claim the army (or at least, parts of it) is still on their side.
The tear gas is flying. Wild images of Guaido’s new forces tossing canisters back at Maduro’s near the base.
Венецуелските сили за безбедност верни на Мадуро со солзавец ги нападнаа приврзаниците на Гваидо. Воени оклопни возила возат директно кон демонстрантите кои пак фрлаат молотови коктели.
Гваидо, кој се самопрогласи за претседател на Венецуела, денеска повика на државен удар, со цел конечно протерување на Мадуро од власта.
Како што пренесуваат некои светски медиуми, војници пукаат едни во други, а народот фрла со камења. Во судирите има и жртви.
Тезата за државен удар ја објави министерот за комуникации Хорхе Родригес и наведе дека на властите отпор им пружа помала група предавници од редовите на војската. Министерот за одбрана, Владимир Падрино Лопес рекол дека војската останува верна на претседателот.
Пред резиденцијата на Мадуро, се собраа група негови приврзаници. Во земјата привремено е блокиран интернетот, а и сообраќјот на подземната железница има спорадични прекини.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека ги следи случувањата во Венецуела, како и дека Америка стои зад народот на оваа земја и нивната слобода.
Министерот за надворешни работи на Еквадор, Хосе Валенсија, објави на Твитер кусо соопштение, во кое аведува дека неговата земја е со Гваидо, а слична порака испрати и перуанското Министерство за надворешни работи. Бразил порача дека будно ја следи ситуацијата во Каракас и дека ја поддржува демократската транзиција во земјата.