Генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш денеска ги повика сите страни во Венецуела да покажат „максимална воздржаност”, да избегнат насилство и да преземат итни мерки за повторно воспоставување на мир во земјата.
Тој посочи и дека „стои на располагање доколку двете страни тоа го побараат”.
Ситуацијата денеска во Венецуела се влоши откако опозицискиот лидер Хуан Гуидо најави изјави дека ја почнува „завршната фаза” од својот план за смена на претседателот Николас Мадуро и ги повика Венецуелците и армијата да го поддржат „и да и стават крај на узурпацијата на Мадуро”.
Повикот на Гуаидо беше окарактеризиран од венецуелската Влада како мало востание отпочнување на државен удар.
Во меѓувреме и Мадуро изјави дека има поддршка од армијата. Тој преку Твитер повика на „максимална масовна мобилизација со цел да се обезбеди победа на мирот”
По повиците на Гуаидо и Мадуро граѓаните излегоа на улиците на Каракас и се судирија.
На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа како оклопно возило на националната гарда на Венецуела се движи директно кон група демонстранти и гази преку нив. Претходно, демонстранти фрлаа камења и удираа со стапови по оклопното возило.
На најновите настани во Венецуела претходно реагираа Белата куќа, Кремљ и претседателот на Европскиот Парламент.
Белата куќа наведе дека претседателот на САД, Доналд Трамп ја следи ситуацијата, додека Кремљ наведе дека за Венецуела претседателот на Русија, Владимир Путин разговара со постојаните членки на рускиот Совет за безбедност.
Додека претседателот на Европски Парламент, Антонио Тајани на Твитер напиша дека денеска „е историски момент за враќање на демократијата и слободата во Венецуела, што секогаш има поддршка од ЕП”.