На подрачјето на општината Нови Град, Сараево, синоќа било убиено едно лице, пренесоа медиумите во регионот.
Како што се дознава неофицијално, на убиството претходела семејна расправија, а во трагедијата пензиониран полицаец го убил својот 37-годишен син.
Портпаролот на Обвинителството во Кантонот Сараево, Азра Бавачиќ вели дека истражната работа е во тек и повеќе информации ќе бидат познати по увидот.
Убиството се случило во 20.35 часот.