Ердоган смета дека без Турција, програмата Ф-35 е осудена на пропаст

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, смета дека американската програма на борбен авион „локид мартин Ф-35″ е осудена на неуспех, ако Турција не е вклучена во неа.

Вашингтон предупредува дека одлуката на Турција за купување руски ракетен одбранбен систем С-400 ќе го загрози учеството на официјална Анкара во програмата на авионот Ф-35.

САД веруваат дека С-400 претставува ризик за Ф-35 и сака Турција да се откаже од купување на ракетниот систем.

Од друга страна, Турција сака заедничка комисија да ги утврди можните ризици за кои Вашингтон е загрижен.

„Турција не прифаќа никакво наметнување на полето на одбраната, ниту, пак, ќе прифати во иднина”, рече Ердоган, според „Ројтерс“.

Тој најави дека Турција ќе преземе чекори за производство на сопствени борбени авиони и планира да произведе беспилотни борбени летала.

Треба да знаете
Последни објави