Заврши откупот на оризот за 2018 година

Откупот на оризот од реколтата 2018-та е комплетно завршен и според податоците од регистарот на МЗШВ, откупени се 10.000 тони оризова арпа и 7.000 тони бел ориз.

Откупната цена на белиот ориз од реколтата 2018-та бележи пораст од 8 до 13 денари по килограм. Конкретно, крупниот бел ориз се откупуваше по цена од 45 до 50 денари за килограм , за разлика од реколтата 2017 –та кога откупната цена беше од 35 до 37 денари.

Зголемување има и на откупната цена на оризовата арпа која за 2018-та достигна од 20 -24 денари по килограм, а во реколтата 2017-та цената беше од 14 до 18 денари по килограм.

Откупната цена на ситниот бел ориз од реколтата 2018-та се движеше од 30 до 35 денари по килограм, за разлика од реколтата 2017-та кога беше од  25 до 30 денари по килограм.

Додека, откупната цена на ситната арпа бележи пораст од 4 до 8 денари по килограм во зависност од квалитетот, односно за реколтата 2018-та се откупуваше по 20 денари за килограм за разлика од претходната реколта кога цената се движеше од 12 до 16 денари за килограм.

„Интервентната мерка којашто кон крајот на  минатата година ја донесе Владата на Република Северна Македонија за производителите на ориз, придонесе целото производство на ориз од реколтата 2018-та  веќе да биде во целост откупено по повисока откупна цена во споредба со претходните реколти. Владата минатата година поради ниската откупна цена на оризовата арпа и нарушениот баланс помеѓу понудата и побарувачката, а со цел да се поттикне договорениот откуп на оризова арпа од реколтата 2018 година, донесе интервентна мерка од  5 денари за килограм произведена и предадена оризова арпа кај регистрирани откупувачи. Рокот за поднесување на барања за интервентната мерка заврши на 25-ти овој месец, во моментов во Платежната агенција се врши обработка на пристигнатите податоци по што во текот на месец мај ќе започне исплатата на дополнителната субвенцијата за интервентната мерка од 5 денари, што е особено важно за производителите на ориз„, изјави министерот Николовски.

МЗШВ и во следниот период ќе продолжи со спроведување на развојни мерки за производството на ориз. Затоа оваа година во Програмата за директни плаќања, се издвоени повеќе пари за финансиска поддршка за земјоделците производители на ориз. Висината на субвенцијата за површини засеани со ориз од 6.000 денари е зголемена на 18.000 денари по хектар, за оние земјоделци кои не употребуваат сертифициран семенски материјал. Додека, субвенцијата за земјоделците кои употребуваат сертифициран семенски материјал од 12.000 денари е зголемена на 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 5 хектари до максимум 50 хектари.

 

 

Треба да знаете
Последни објави