Земјотрес го погоди грчкиот остров Лезбос

Земјотрес со јачина од 4,2 степени го стресе грчкиот остров Лезбос.

Епицентарот на земјотресот бил регистриран северно од Лезбос, на длабочина од 17 километри, објави атинската национална опсерваторија.

Во последните 24 часа забележани се девет слаби потреси на југот од Лезбос, пренесе новинската агенција АНА.

Треба да знаете
Последни објави