Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ изјави дека капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, ќе продолжи да игра во европскиот шампион, кој се соочува со една од најтешките сезони во 117-годишната историја.
– Ќе продолжи да игра за Реал Мадрид. Зборував со него, рече Мијатовиќ во разговорот со шпанската радио станица „Кадена СЕР”. Црногорецот живее во Мадрид, каде што е сосед со 33-годишниот хрватски халф, а во претходните медиумски настапи изјави дека едвајцата се пријатели, пишува „Вечерњи”.
– Натпреварот против Рајо Ваљекано беше еден од најлошите што тој ги одиграл. Тој е човек кој е посветен на тимот и проблем нема да биде Модриќ. На клубот ќе му биде тешко да го врати сето она што гопостигна, со сите нови играчи што ќе дојдат, додаде Мијатовиќ.
Модриќ во Мадрид ја игра својата седма сезона и неговиот договор истекува во летото 2020 година. Реал Мадрид претходно изјави дека договорот за продолжување е постигнат до летото 2021 година.
Три круга пред крајот на шампионатот, Барселона ја обезбеди титулата во Шпанија. Реал заостанува 18 поени и е на третото место.