Влијателниот албански професор и аналитичар, Арлинд Ќори, оценува дека локалните избори закажани за 30 јуни ќе бидат масовно бојкотирани поради систематското незадоволство меѓу популацијата.
-Овие избори ќе бидат избори со многу мала излезеност, бидејќи имаме раст на систематско незадоволство. Затоа и Демократската партија (ПД) се обидува да го фати овој антисистемски дух, што ја прави и неа антисистемска. Фактот дека и ПД и Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) се надвор од изборите, излезноста ќе биде уште помала. Дури и ако се премислат и учествуваат, излезноста повторно ќе биде најниска во историјата на Албанија, изјави Ќори гостувајќи во телевизиска емисија.
Тој е со став дека актуелниот премиер и лидер на Социјалистичката партија, Еди Рама и Љуљзим Баша лидер на Демократската партија, играат покер.
– Рама е заинтересиран да игра со старите правила и да излезе 100 процентен победник, а Баша дека ќе направеле револуција. Всушност, ниту една страна не ја интересира ова. Рама не сака да победи 100 проценти, бидејќи бремето на власт ќе го потоне. Баша не го интересира револуција, бидејќи како може една партија да бара револуција што би ги загрозила неговите привилегии и богатство. Двајцата меѓу себе играат покер, криејќи неколку карти, смета Ќори.
Сепак тој смета дека на крајот тие ќе постигнат еден вид компромис.