Јапонскиот престолонаследник Наручито официјално стана цар на земјата, во согласност со законите според кои абдицираше неговиот татко, царот Акихито, кој беше на престолот до полноќ, по локално време, кога почна новото доба, во Јапонија наречено Реива, што во превод значи „убава хармонија“.
Во текот на денот во Токио беше одржана церемонија во чест на 85-годишниот Акихито, кој по абдикацијата доби титула за почесен цар.
Утре ќе се одржи свечена церемонија во Токио, на која Наручито ќе го преземе тронот. Тој ќе добие царски печат и накит, а по церемонијата новиот цар за прв пат ќе се обрати на нацијата како монарх.