Речиси 3 000 затвореници во Турција штрајкуваат со глад заради Оџалан

Турската група за човекови права соопшти денеска дека околу 3 000 затвореници се придружиле на штрајк со глад за да ги присилат властите да ја прекинат изолацијата во затвор на курдскиот водач на бунтовниците, Абдулах Оџалан.

Водачот на Здружението за човекови права, Озтурк Туркдоган, изјави дека 2.983 лица во 90 затвори одбиваат храна во знак на протест поради затворските услови во кои се наоѓа Оџалан, на чии членови на семејството и адвокатите им се одбиени барањата за посети, објави АП.

Треба да знаете
Последни објави