Обвинителството на САД објави дека го спречиле обидот на воениот ветеран Марк Доминго, којшто го прифатил исламот, да изврши бомбашки напад на собир на неонацисти на југот на Калифорнија, како одговор на нападите на џамиите во Нов Зеланд.
Дваесет и шестгодишниот Доминго учествувал во борбите во Авганистан, а беше уапсен во петокот, додека се подготвувал да го изврши нападот на собирот на неонацисти во Лонг Бич, закажан за во неделата.
Се тврди дека Доминго од март планирал,,изработка на оружје со разорна моќ, со кое би можел да изврши масовно убиство”. Исто така се наведува дека Доминго со полициски доушник разговарал за напади врз Евреи, цркви, полицајци и возови и тврдел декасака да се одмазди за нападот во Нов Зеланд, во кој минатиот месец беа убиени 50 лица.
Тој наводно набавил материјал за изработка на бомба, која планирал да ја активира со далечински управувач. Неонацистите не се појавиле на најавениот митинг, но демонстрирале голема група нивни противници, објави АП.