СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што на фер избори загуби во првиот круг

Факт е дека Гордана Сиљановска загуби во првиот круг на кристално чисти, фер и слободни претседателски избори. ВМРО-ДПМНЕ се уште не може да ја прифати вистината дека нивната кандидатка загуби во првиот, а поубедливо ќе загуби и во вториот круг од изборите и затоа секојдневно се обидува да бара алиби за поразот.

На фер, слободни и демократски избори, граѓаните ја поразија деструкцијата на Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ и им порачаа дека нема да се вратат назад во темното минато туку продолжуваат заедно напред. Државата, институциите, организираа мирен, фер, демократски изборен процес и изборен ден, а доказ за тоа се и оценките и извештаите на релевантните домашни и меѓународни организации кои го набљудуваат изборниот процес.

Наместо да бара алиби, очајната и нервозна ВМРО-ДПМНЕ да се помири со поразот на 5ти мај кога граѓаните убедливо ќе ја потврдат предноста од првиот круг, а нов претседател ќе биде Стево Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави