По повод празникот на трудот „1-ви Мај”, односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне утре во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршута на движење на учесниците.
МВР денеска соопшти дека маршот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. „Мирче Ацев” со движење: лево по ул. „Филип 2-ри Македонски”, десно по ул. „11-ти Октомври”, право по ул. „Димитрие Чуповски”, десно по ул. „Васил Главинов”, право по бул. „ВМРО”, лево по бул.„Илинден” до пред објектот на Влада на РСМ во Скопје.
Од тие причини сообраќајната полиција ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајниците во централното градско подрачје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.