Гејтс истражи кои 3 професии ќе бидат најбарани – ако знаете да ги работите, за вас ќе нема зима
Основачот на Мајкрософт Бил Гејтс врз основа на бројни податоци кои ги собирал тврди дека во иднина најмногу ќе се бараат луѓе во областа на науката, инженерството и економијата.
Работниците кои поседуваат знаење од овие области ќе бидат носители на промените за сите институции, изјавил Гејтс во едно интервју.
„Притоа не мислам врз основа на познавање на науката, математиката и економијата. Многу кариери во иднината ќе бидат многу барани“, изјавил тој.
Не морате да бидете експерт во кодирање, но способноста да размислувате на сличен начин како експертите кои тоа го можат, ќе ви помогне во голема мера.
„Не е нужно да знаете да пишувате кодови, но мора да разберете што работат инженерите и шето се можат и не можат“, објаснил Гејтс.
Според неговите зборови, луѓето со овие вештини, најверојатно, ќе донесат револуција во секоја област на работење.