Најмалку две лица се убиени, а четири се повредени кога вооружен студент, отворил оган во зградата на кампус на Уницерзитетот Северна Каролина во Шарлот, сопштија американските власти.
На повик по пукањето одговориле тројца полицајци кои го разоружале 22-годишниот Тристан Ендру Тарел и го притвориле, пренесе „Ројтерс“.
Американските медиуми посочуваат дека тој бил дијагностициран како аутистичен, а поранешните соученици го опишуваат како тивок.