Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, од Куманово побара одговорни одлуки од граѓаните, масовна излезност и поддршка на Стево Пендаровски и на концептот Напред поддржан кој, како што рече, е поддржан и од светот.
„Од тројката на М, Меркел, Макрон и Могерини ја имаме поддршката. Тие се големи пријатели на нашата земја. И те како ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, затоа што одржавме европски лекции, покажавме европски манири, не калкулиравме со рејтинзи, направивме ‘се за државата“, рече Заев.
Тој рече дека од ’91. година до денес сите ветувале НАТО и ЕУ, со причина, бидејќи само така има економски прогрес, задржување на младите и работни места.
„Имаме наше парче грутка земја, признаена од сите, сите со полна уста зборуваат за нас, признаен е од цел свет и нашиот мнозински Македонски народ и јазик, за што се бореле нашите татковци и дедовци. Имаме вистински човек и вистински концепт, цел свет го поздравува. Да ја дозавршиме работата, да си ја исполниме одговорноста кон децата, државата, идните генерации, да го избереме со голема поддршка Стево Пендаровски и да продолжиме Напред“, повика претседателот на СДСМ и премиер Заев од Куманово.