Помалку познати факти за меѓународната изолација на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Помалку познати факти за меѓународната изолација на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Институционалната поддршка што ВМРО-ДПМНЕ ја добиваше од Конрад Аденауер, политичката фондација на германските демохристијани, владејачката ЦДУ, веќе неколку месеци е целосно прекината. Заладувањето на односите се бележи уште во 2014 година, за опомените да станат сѐ појасни во текот на наредните години, особено во 2018 година.

Комуникацијата и поддршката сега се прекинати во целост. Иако од партијата за ова се молчи, внатрепартиски извори сведочат дека ова е силен удар врз најголемата опозициска партија во земјава. Тие наведуваат дека причините за прекинот на соработката и поддршката се содржат, пред сè, во антизападната ориентација и дејствување на ВМРО-ДПМНЕ.

Понатаму, во меѓународните политички кругови се констатира отсуство на волја кај претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, да се согласи на внатрепартиски реформи и дека одбива да се дистанцира од експремиерот Груевски, инаку и почесен претседател на партијата, односно неволност да се дистанцира од од криминалот и насилството што беа одлика на владеењето на неговата партија.

Мицкоски, се вели понатаму во неофицијалните брифинзи, Мицкоски манифестира крајно неодговорен однос кон македонските демократски и интеграциски процеси. Како причина за оваа „екскомуникација“, внатрепартиските извори го наведуваат и добро познатиот начин на дејствување на ВМРО-ДПМНЕ по заминувањето во опозиција.

Мицкоски е во немилост на меѓународната заедница од истите причини поради кои и Конрад Аденауер ја прекина институционалната соработка и поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Највисоки владини претставници на водечките држави во ЕУ веќе го избришале од своите агенди, сметајќи дека тој, со ваквото неодговорно однесување, како што пренесуваат неофицијални дипломатски извори, може да смета дека може да биде лидер само на опозициска политичка партија која, притоа, е и меѓународно изолирана.

Џабир Дерала

Извор: civilmedia.mk

Треба да знаете
Последни објави