Додека САД ја повикува Русија да не се меша во актуелните сучувања во Венецуела, Москва го предупреди Вашингтон дека нивното мешање во внатрешните прашања во земјата може да предизвика колапс.
„И дадовме на Русија до знаење дека со најголема сериозност се однесуваме кон акциите кои се преземени во Венецуела. Очекуваме од Русија да не се меша во она што се случува таму, особено не сега кога е во прашање животот на цивили“, изјави советникот за национална безбедност во САД, Џон Болтон.
Тој одби да одговори дали претседателот на САД, Доналд Трамп ќе стапи во контакт со Владимир Путин по тој повод, пренесе „ТАСС“.
Од друга страна, портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова оцени дека многу политички актери во Вашингтон не ја гледаат штетноста на патот по кој ја туркаат Венецуела.
„Ако Вашингтон продолжи со обидите да се меша во внатрешните работи на Венецуела, тоа може да предизвика колапс на ситуацијата“, рече Захарова.