На 30.04.2019 година во 14,40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Лазо Трповски” се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода октавија” со скопски регистерски таблици, управувано од М.С.(44) од Скопје, патничко моторно возило „мерцедес Е210″ со скопски регистерски таблици, управувано од Т.Н.(53) од Скопје и патничко моторно возило “Фолсваген Бора” со скопски регистерски таблици, управувано од Р.Љ.(50) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил М.С. констатирани од страна на лекар од Градската општа болница “Свети Наум Охридски”. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.