Бура од емоции: Тамара Тодевска ја изведе „Proud“ за Нина, девојката со Даунов синдpом
Годинашната евровизиска претставничка, Тамара Тодевска ѝ приреди на Нина Костовска незаборавно изненадување со песната „Proud“.
Таа се појави во нејзиниот дом и предизвика бура од емоции кај оваа прекрасна девојка.
Нина е родена со Даунов синдром. Кога се родила, докторите им рекле на нејзините родители да не се надеваат дека ќе постигне нешто во животот.
Денес, таа самостојно обучува наставници и професори во нашата земја како да се справат со децата со попреченост.