Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика сите страни во Венецуела да демонстрираат „максимална воздржаност”, да избегнат насилство и да преземат итни чекори за повторно да се воспостави мир во земјата.
Пораката на Гутереш ја пренесе портпаролот на ОН Стефан Дижарик, кој истакна дека пораката на генералниот секретар е да се форисира дијалог заради мирно решавање на ситуацијата.
Според него, Гутереш би сакал народот на Венецуела да знае дека неговата помош им „стои на располагање доколку обете страни тоа го побараат”.