Ширум европските и азиските градови работниците и синдикалците излегоа на улиците по повод 1-ви мај-Меѓународниот ден на трудот, барајќи подобри услови за работа и почитување на работничките права.
Протесети се случуваа во Грција, Русија, Германија, Австрија, Франција, Турција.
Се маршираше и во азиските земји.
Јужнокорејската Конфедерација на синдикалците наведе дека не бил забележан ниту еден инцидент.
Инциденти имаше во Париз, каде на првомајските протести се приклучија и „жолтите елеци“, пришто дојде до немири помеѓу полицијата и демонстрантите.