Tранзициската министерка и профитерка Сиљановска и пионот Мицковски не се нов ков на политичари туку директни наследници на црнилата на Груевски, реагира СДСМ откако ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порача дека државата има потреба од нов тип на политичари.
„Транзициската министерка и профитерка Гордана Сиљановска и генералниот секретар на Груевски, Мицковски не се ниту нови, ниту свежи во политиката. Мицкоски и Сиљановска се продолжена рака на Никола Груевски и затоа директно ги асоцираат граѓаните на 11 годишниот режим кој од нашата земја направи заробена држава. Граѓаните не сакаат нов Иванов во ликот на Сиљановска. Сиљановска и Мицкоски изгубија во првиот круг претседателски избори на кристално чисти и фер избори во европски амбиент, а сега им претстои уште поубедлив пораз во вториот круг“, реагира СДСМ.