Во тепачка, што се случила ноќеска пред хотел во Стар Дојран, а во која учествувале повеќемина и бил употребен нож, 45-годишен маж од Скопје се здобил со убодни рани во телото, а повреден е и 33-годишен гевгеличанец. Двајцата биле хоспитализирани во Медицинскиот центар Гевгелија.
Во врска со овој случај, приведени се К.Р.(24) и Р.С.(21) двајцата од Струмица. Известен е јавен обвинител и по насоки на обвинител се преземаат мерки за пронаоѓање на другите учесници и расчистување на случајот.