Премиерот Зоран Заев на синоќешната трибина во Куманово, во рамки на претседателската кампања за поддршка на Стево Пендаровски, рече дека повеќе не е претседател на Советот за судски реформи.
„Си дадов оставка од Советот за судски реформи, не сум веќе таму претседател. Морав да бидам на почетокот за тој да се раздвижи, а сега на чело е министерката за правда Рената Треневска Дескоска“, рече Заев пред присутните граѓани.
Премиерот на чело на Советот за реформи застана пред една година, кога владата го формираше советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022.