Кирацовски за 1 мај: Цврсто сме определени на унапредување и заштита на работничките права
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на граѓаните на Република Северна Македонија им го честита 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот.
„Почитувани граѓани,
Денешниот ден е симбол на храброста и одлучноста, признание за решителноста во борбата за унапредување на правата на работниците.
Напредокот, развојот е возможен само со соодветно вреднувани, мотивирани и почитувани работници кои се сигурни и заштитени на своите работни места и токму кон тоа се стремиме.
Како одговорна, социјалдемократска партија целосно сме посветени на обезбедување услови за развој, напредок и еднакви можности за сите, цврсто сме определени за заштита и унапредување на правата на работниците.
Само со мотивирани, заштитени и задоволни работници, претпријатијата ќе ја движат економијата напред и затоа како владејачка партија остануваме целосно посветени на тој процес.
Продолжуваме, рамо до рамо со вас и вашата поддршка да ги решаваме проблемите, да ги надминуваме предизвиците во обезбедување на квалитетни услови за живот и работа за сите граѓани.
Нека е честит 1 мај – Меѓународниот ден на трудот!“ – напиша Кирацовски.